Јаневска: Кога си одеше минатата власт, во буџетот недостасуваа 900 милиони денари
Во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21, министерката за образование, Весна Јаневска изјави дека „од буџетот на министерството за образование недостасувале 900 милиони денари, кога си заминувала минатата власт“.
„Кога си одеше минатата власт, во буџетот недостасуваа 900 милиони денари, и тоа кажува дека очигледно не воделе сметка за образованието, туку за изборите. Со ребаланс на буџетот обезбедивме средства за плати на наставниците“, рече Јаневска.
31.10.2024 - 22:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа