Бранко Ангеловски си поднесе оставка, Е.Пелистер ќе добие нов тренер

 

Бранислав Ангеловски нема повеќе да биде предводник на актуелниот македонски ракометен шампион Еурофарм Пелистер.

Составот од Битола беше надигран од Алкалоид на вечерашното дерби во скопска Автокоманда, пораз по кој Ангеловски одлучи да се поднесе оставка од местото тренер на оваа екипа.

Во кратката порака објавена на социјалните мрежи клубот му се заблагодари на стратегот за се што направи и му посака среќа во следните предизвици.

Е.Пелистер под водство на Ангеловски стана шампион, но не успеа да му донесе трофеи во Купот и Супер Купот каде како победник излезе тимот на Алкалоид.

22.10.2024 - 22:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега