Груевски денеска во Хрватска - тет-а-тет средби со Милановиќ и Јосиповиќ
Македонскиот премиер Никола Груевски денеска ќе престојува во работна посета на Република Хрватска.
Груевски ќе оствари средба со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, а за потоа се најавени официјални разговори – пленарен состанок на делегациите на Република Македонија и Република Хрватска.
Попладнево е предвидено премиерот да се сретне со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и со претседателот на Собранието на Хрватска Јосип Леко, а подоцна и со претставници на Заедницата на Македонци во Република Хрватска.
17.09.2013 - 08:38