Време: Малку сонце малку облаци

Според метеоролозите, денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот во западните и северните делови се очекува во земјава ќе има локален краткотраен дожд, а ќе дува и слаб до умерен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 23 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и слаб југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 26 степени. 

17.09.2013 - 08:01

најчитано сега