Родителите во „Монструм“: И претходниот судија го легнаа болен среде лето

Вие ни ја ветивте вистината ама има тука еден центар што управува со судот. Предлагам да ги сослушате мајките што ги лажел премиерот Заев. Ние веруваме дека тоа е контролирано од тој центар и шесте функционери од ДУИ чие идентите се кријат како тајна. Не им е во интерес да заврши овој случај. Сослушајте ги мајките што ги лажел, тоа не го зборува ниту тазе излезен пациент од Бардовци, емотивно реагираше Горан Наќеваки, татко на едно од убиените деца кај Смилковако езеро, и останатите родители откако денешното рочиште за „Монструм“ се одложи бидејќи еден од судиите, Осман Шабани, од вчера заминал на боледување, пренесува „Плусинфо“.

„До кога вака ќе правите?”, „Претходниот судија го легнаа во кревет среде лето кога ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се договараа за состав на влада“, беа дел од реакциите на родителите.

– Нема никакви игри. Се беше спремно денеска да работиме. Судијата отишол дома вчера, пред пола саат претседателот ме викна и ми објасни дека е на боледување. Претпоставувам дека не е нешто посериозно. Термините 22 и 24 август важат и не ги менувам… Се надевам дека тогаш 100 отсто ќе се створат услови за работи и ќе го работиме тоа што треба, и јас првпат ќе бидам соочен со тој човек што ќе зборува како загрозен сведок – одговараше судијата Огнен Ставрев кој закажа уште еден термин за судење, 31 август.

Обвинителите од СЈО, рекоа дека се подготвени да доаѓаат на рочишта секој ден

Денеска требаше да се сослуша заштитението сведок во „Монструм“, а јавноста за првпат ќе го слушнеше неговото сведочење. Но, поради боледување на судиите рочиштето се одложи.

 

 

 

 

 

 

 

11.07.2018 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега