СДСМ: Зошто МВР ги уапси Цветанов, Дамовски, Маџовски и Диневски

Како и пред неколку дена, во центарот на Скопје, партиската полиција на Никола Груевски утрово повторно демонстрираше терор и насилство.

Режимот на Груевски не може да поднесе луѓе кои аргументирано го докажуваат криминалот на семејниот клан на премиерот.

Ване Цветанов, поранешен директор на Агенцијата за спречување на перење пари, постојано јавно го прозиваше Груевски за штитење на лица од неговото најблиско опкружување за проневера на милонски суми пари на граѓаните на Македонија.

И нормално, за Никола Груевски, Ване Цветанов е државен непријател. Вождот го прогласи Цветанов за  виновен. Притоа, апсењето мора да биде на начин да втера страв во коските на граѓаните. Да не помисли некој да критикува или пак да се спротивстави на неговото височество.

Во Македонија интензивно расте бројот на политички затвореници. Очиглено власта е подготвена да ги преполни затворите со луѓето што и се спротивставуваат. Насилнички гонат, апсат, судат и пресудуваат, лустрираат, казнуваат.

Колкаво е злосторството на Борис Дамовски, Горан Стојков, Марјан Маџовски, Ацо Диневски и останатите уапсени лица за да бидат третирани на ваков суров начин?

 

Режимот во распаѓање се обидува да зададе конечен удар. Проценката на Груевски е страотно погрешна. Ништо повеќе не може да го спречи неминовното. Заминувањето на оваа разулавена структура од политичката сцена во Македонија.

(Интегрален текст од прес конференција на Петре Шилегов, портпарол на СДСМ)

16.09.2013 - 16:44