Ќе се заобиколи Претседателот Иванов за јазиците и Договорот со Грција?

 

Владејачката ДУИ сака да го искористи Договорот на Заев и Ципрас и на мала врата заедно со него да го протне и Законот за јазиците.
Можноста веќе ја најави Талат Џафери кој коментирајќи го однесувањето на Претседателот Иванов навести дека Законот за јазиците и Договорот со Грција веројатно ќе ја заобиколат процедурата.
За ваквата идеја на Џафери очигледно е дека има поддршка во коалицијата. Директорот на Службен весник кој е од македонскиот политички блок изјави дека нема намера да ги блокира „напредните процеси во државата“ и дека веројатно нема да има проблем да ги објави двата закони без потпис од Претседателот Иванов.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека во таков случај ќе поднесе кривични пријави до сите кои го прекршиле законот.

Согласно Уставот Претседателот Иванов е единствениот кој може да потпише указ. Таква можност има и Претседателот на Собранието но само при деловна спреченост на Претседателот.
Истовремено, факт е дека Иванов е должен да го потпише законот штом Собранието го изгласа по втор пат, но Уставот не пропишува во кој рок мора да го стори тоа што му остава простор да го користи т.н. „џебно вето“ и да го чува законот во својата архива.
Во таква ситуација на власта и останува можноста да покрене постапка на отповикување на Претседателот или т.н. „импичмент“ но за тоа нема мнозинство бидејќи и требаат 81 глас во Собранието и две третини мнозинство во Уставниот суд.

Од друга страна, Македонија веќе има искуство со објавени законски решенија со потпис на Претседател на Собранието кои потоа биле укинати од Уставниот суд.

 

 

 

02.07.2018 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега