СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ измислува непостоечки проблеми, ќе има навремен и целосен откуп на пченица

 

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Миле Јакимовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очајното ВМРО-ДПМНЕ освен што шири лажни вести, почнува да измислува наводни проблеми онаму каде што ги нема.

Не е точно дека домашната пченица нема да се откупува. Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство градат партнерски однос и со производителите на пченица и со мелничарите, со цел да се постигне навремен и целосен откуп на пченица и да се намали увозот на пченица и брашно во државата.

Во таа насока е и одлуката оваа година за прв пат за потребите на Бирото за стокови резерви ќе се набавува домашна пченица, наместо пченица од увоз како што долги години правеше ВМРО-ДПМНЕ.

Само за пример, откупот на јачменот започна со цена од 8 денари, која потоа порасна на 9 денари и со оваа жетва за првпат има јачмен што се извезува.
Земјоделците и мелничарите се уште ги чувствуваат последиците од штетните политики од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и затоа одамна не веруваат на лицемерното однесување на опозициската партија.

Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжуваат да работат во интерес на земјоделците, развој и унапредување на земјоделството како една од најзначајните стопанки гранки во Македонија“ се вели во реакцијата на СДСМ.

 

 

 

01.07.2018 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега