Индија: Голем број дечиња хоспитализирани поради погрешна вакцина

Голем број деца од Индија се хоспитализирани бидејќи примиле погрешна вакцина. Се работи за 67 дечиња од државата Западен Бенгал кои добиле вакцина против вирусот на хепатит Б, а требало да бидат вакцинирани против полио.

Претседателката на државната Влада Мамата Банерџи нареди истрага за инцидентот. 

Родителите на дечињата бесни од настанот се обиделе да се пресметаат  со портпаролот на локалното Министерство за здравство.

16.09.2013 - 11:42
Фото: 
Денешен

најчитано сега