Тајфуни и урагани пустошат во Јапонија, Мексико и Колорадо

Денеска тајфун го погоди централниот дел на Јапонија, тропска бура и ураган удрија на брегот на Мексико, додека Колорадо веќе неколку дена се соочува со поплави.

Тајфунот „Ман-ји“ принуди евакуација на околу 300.000 јапонски домаќинства, а постои опасност бурата да ја погоди оштетената нуклеарна централа „Фукушима“.

Најмалку четири лица се исчезнати, 65 се повредени и над 860 куќи поплавени, јави јапонската државна телевизија НХК.

Тропската бура „Мануел“ во неделата го погоди крајбрежјето на Мексико, додека ураганот „Ингрид“ мина низ источниот дел на Мексико носејќи поројни дождови, одрони и поплави во кои најмалку 21 лице загина.

Над илјада луѓе во Мексико се евакуирани, а најмалку 11 лица загинаа во одморалиштето Акапулко. Пристаништето и меѓународниот аеродром во Акапулко се затворени како и автопатот што ги поврзува Мексико Сити и Акапулко поради поплави и одрони во југозападната сојузна држаава Гереро.

 Во американската сојузна држава Колорадо поројните дождови ја забавуваат потрагата по 500 исчезнати луѓе, по неколкудневните поројни дождови.  Неколку илјади луѓе се евакуирани, а досега најмалку шест лица го загубија животот.

16.09.2013 - 11:12
Фото: 
Журнал.мк

најчитано сега