Дрвен крст висок два метри запален во Шведска
Синоќа во шведското гратче Јусне бил пријавен случај на палење крст. Веднаш бил направен увид при што е констатирано дека дрвен крст од два метра бил запален пред станбена зграда во која шведскиот Завод за миграции изнајмува неколку станови за бегалци и имигранти.
Полицијата веднаш поднела кривична пријава за поттикнување на расна и верска омраза против етничка група.
„Засега немаме никакви конкретни податоци“, вели полицискиот командир Темо Аленбак за весникот „Содерхамнс-Курирен“.
16.09.2013 - 11:05
Фото:
Нова Македонија