Италија: Започна извлекувањето на Коста Конкордиа
Дваесет месеци по бродската несреќа во која погинаа 30 лица, а две се исчезнати, италијанските власти дадоа зелено светло за извлекувањето на Коста Конкордија.
Спасувачите започнаа со извлекувањето на бродот кој пред 20 месеци се преврте кај Тоскана, а операцијата требаше да започне рано наутро, но беше одложена за неколку часа.
Според спасувачките екипи, извлекувањето би можело да трае и повеќе од 12 часа. .
Со помош на цементни вреќи и посебно изработени метални платформи, претходно работниците успеаја да го стабилизираат бродот.
16.09.2013 - 10:47