ФОТО: Добил бакшиш од 200.000 долари а не можел да ги подигне парите

 

Келнер од САД се израдувал кога добил неверојатни 200.000 долари бакшиш, но за жал неговата среќа траела многу кратко.

Имено, Американецот кој работи како келнер добил бакшиш од 200.000 долари од две девојки кои ручале во ресторанот, но сепак неможел да ги подигне парите бидејќи повеќето компании кои работат со кредитни картички одбиваат да наплатат толкава сума како бакшиш.

Откако девојките му оставиле огромен бакшиш, келнерот го повикал директорот и заедно се јавиле во компаниите кои работат со картички и сфатиле дека парите ги имаат само на хартија, не и во реалниот живот.

16.09.2013 - 10:15

најчитано сега