ФОТО: Фотографиран мистериозен човек кој со години живее во шума и ги плаши минувачите
Во Швајцарија е снимена мистериозна личност која со години талка низ шума и ги плаши луѓето. Досега оваа фирура Швајцарците ја споредуваа и со чудовиштето од Лох Нес, а се работи за човек со воена униформа и дебела наметка, кој на лицето и има гас маска.
- Му се приближив на неколку метри. Имаше воена наметка, чизми и гас маска. Беше повисок од 1,90 метри. Зјапаше во мене, а тогаш се сврте со грб и замина без да каже ниту збор. Што би можел да има на ум тој човек...цели преплашениот човек кој успеал да го фотографира.
Од општината велат дека ќе се потрудат да откријат кој е тој човек, бидејќи не им пречи што живее во шумата, но им пречи што ги преплашува случајните минувачи.
16.09.2013 - 10:11