ВИДЕО: Нова драма во Јапонија - евакуирани 500.000 луѓе поради тајфун

 

Преку пола милион луѓе во 20 покраини во средишниот дел на Јапонија се евакуирани поради приближување на тајфунот Ман-ји. Во епицентарот тајфунот достигнува брзина од 25 метри во секунда. Ве некои делови од Јапонија опасноста од тајфунот е подигната на највисоко ниво затоа што човечките животи се загрозени. Властите предупредуваат дека силните дождови можат да предизвикаат поплави и лизгање на земјиштето. Поради невремето откажани се сите летови, а запрен е железничкиот сообраќај. Преку 80.000 жители останале без струја. Тајфунот со брзина од 45 километри на час, би можел да ја напушти Јапонија дури наредниот понеделник во вечерните часови. Тројца се водат како исчезнати а 28 лица побарале медицинска помош.  

 

 

16.09.2013 - 09:51

најчитано сега