ВИДЕО: Изби пожар на руска нуклеарна подморница
Пожарот изби на руската нуклеарна подморница „Томск“ додека се наоѓала во бродоградилиштето „Ѕвезда“ каде што биле извршени одредени поправки. Според информациите кои ги пренесуваат тамошните медиуми нема опасност од радијација. „Нуклеарниот реактор е угасен пред почетокот на поправките. Екипажот е евакуиран, а подморницата не е вооружана, така што опасност од експлозија не постои“, вели неименуван руски претставник.
Тој додал дека не постои можност за излевање на радијација, и дека ситуацијата е целосно под контрола. Сепак покрај екипите за гасење на пожарот, кон подморницата се упати и брод за мерење на радијацијата.
16.09.2013 - 09:29