Уште еден македонски тим во Лига на шампиони

Женскиот ракометен клуб на Македонија, ЖРК Вардар СЦБТ, успеа да се пласира во групата од Лигата на шампионите.

Ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ вчера вечерта во Еболи, во близина на Салерно, Италија во финалниот дуел од квалификационата група го победија францускиот вицепрвак Флори Луар со 33:25 (18:11). Пред два дена, пак, во полуфиналето, ракометарките го совладаа домаќинот на групата Салерно со 35:16.

ЖРК Вардар ќе игра во групата Д заедно со екипите на: Ларвик (Норвешка), Бера Бера (Шпанија) и Подравка (Хрватска).

16.09.2013 - 09:00
Фото: 
а1Он.мк