Збогум за забраните на Инстаграм: Пристигна нова социјална мрежа која на многумина ќе им се допадне

Инстаграм има многу строги правила кога станува збор за објавувањето,а токму тоа го искористиле авторите на социјалната мрежа со адреса Buttrcup.com.

Buttrcup е социјална мрежа без цензура, како што тврдат основачите. Делумно е основана и како одговор на движењето за „слобода за брадавиците“, односно кампањата #FreeTheNipple која во 2014. година ја покренала Лина Еско.

На Buttrcup корисниците можат да отворат профил и да објавуваат фотографии или снимки, какви што сакаат.

Основачите нагласуваат дека не се платформа за порнографија, но голотијата е дозволена.

-Денес сите создават фотографии. Buttrcup дава платформа за самостојно објавување на содржини за фановите. О, да, и ја отстранивме пристрасната цензура која ја спроведуваат другите социјални мрежи, велат основачите.

„Сексуалноста е универзална и составен дел на нашите животи, а токму такви фотографии не се дозволени на социјалните мрежи, каде трошиме многу слободно време“ изјавила Моли Марфи, една од основачите, за магазинот Paper.

 

 

 

24.06.2018 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа