И денеска колони автомобили на Стража - камионите и автобусите се пренасочуваат

 

На патниот правец Гостивар - Кичево на 1,5 километар пред планинскиот превој Стража се уште важи забраната за движење на тешки товарни возила и автобуси.

На овој патен правец, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот.

Тешките товарни возила над 7,5 тони и автобусите се пренасочуваат преку патниот правец Маврово-Дебар-Струга. Забраната е воведена поради тоа што на овој патен правец се реконструира мост.

Поради реконструкција на мост сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента и на патот Гостивар-Маврово во близина на Ново Село.

Прооден за сообраќај е патниот правец Ресен-Охрид преку националниот парк Галичица.

најчитано сега