Мажите жртви на семејно насилство сега имаат каде да се обратат

Мажите во Турција кои се жртви на семејно насилство сега имаат каде да се обратат. Во Истанбул и Измир се отворени центри за сместување  јавуваат турски медиуми.

Според медиумите, Министерството за социјална политика сега отворило и два центра за згрижување мажи – едниот во Истанбул со 12 места и другиот во Измир со 18 места.

Во моментот има 89 пансиони во кои живеат 2.409 жени. Министерството според локалните медиуми ќе ги преземе неопходните акции ако се покаже дека бројот на центри за згрижување мажи жртви на семејно насилство е мал и бројот на таквите објекти ќе биде зголемен.

15.09.2013 - 15:16

најчитано сега