Ако го направите ова на плажа казна до 1.000 евра - некаде следува и затвор

Порталот за оценување хотели holidaycheck.com објави листа со казни за оние кои ќе бидат фатени на дело како водат љубов на јавно место, или се сончаат топлес.

Ако мислите дека во Хрватска и Шпанија сè им е дозволено на туристите, се лажете – во обете земји сексот на плажа е забранет. Во Хрватска можете да добиете до 30 дена затвор или 150 евра. На Мајорка казните се движат и до 1000 евра.

Во Дубаи е предвидена затворска казна до три месеци, а потоа „грешниците“ се депортираат од земјата.

Кога станува збор за топлес сончање, на грчките плажи се толерира, додека во Шпанија топлесот е сосем нормална појава. 

Во Хрватска не само што е дозволен топлесот, туку и нудизмот, и тоа на многу плажи. Истото важи и за Данска и Франција.

 

 

 

19.06.2018 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега