ВИДЕО: Роеви мушички го нападнаа Балканот

Во Сараево вчера во вечерните часови дошло до наезда на мушички. Цели роеви мушички се забележани и во други градови на БиХ.

Според извештаите, до инвазијата на инсектите дошло во сараевските населби Добриња и Грбавица.

Локалните медиуми пренесуваат дека мушичките биле присутни во толку голем број што луѓето помислиле дека во Сараево паѓа снег, а граѓаните буквално бегале пред наездата на мушички.

Жителите на населбата Добриња ги затвораат прозорците на становите.

Инвазијата на облаци мушички се случила и во српскиот град Краљево во понеделникот.

Мушичките го прекриле целиот град и предизвикале паника кај граѓаните. Слични феномени се случија пред три години во Ниш и во Белград. 

И во Скопје, вчера попладне била забележана ваква појава. Наездата на мушички, како што се претпоставува, е предизвикана од наглото зголемување на температурите за овој период од годината.

Станува збор за природен феномен бидејќи во ист момент излегле три до четири генерации мушички.  

Предаторите, птиците и лилјаци не успеале да воспостават рамнотежа. 

 

најчитано сега