Црн Први мај во Македонија - четири момчиња тешко повредени во нова страотна сообраќајка

 

Вчера доцна попладне се случила тешка сообраќајна несреќа кај месноста Сепарација на патниот правец Дебар - Маврово, делница Долно Косоврасти - Бошков Мост, пишува "Дневник".

Според "Дневник", тешки телесни повреди заработиле четири момчиња од селото Горно Косоврасти,на возраст од 20 до 23 години.

- Момчињата беа донесени во Општата болница во Дебар и по укажаната прва медицинска помош, едното од нив, кое е во тешка состојба е упатено на понатамошен третман на Клиника во Скопје, другото во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, додека двете се задржани на хируршкото одделение при нашата болница - изјавил за "Дневник" директорот на општата болница, Баки Халили.

Според првичните информации, момчињата се враќале од првомајски излет. Возилото со кое патувале изгубило контрола и се превртило.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информирал дека несреќата се случила вчера попладне во 18.45 часот. Четирите момчиња се превезувале во возило "лендровер" со скопски регистарски таблички.

Вчера во тешка сообраќајна несреќа пред Кочани животот го загубија 2 лица а уште десетина деца беа потешко повредени од кои 3 се уште се борат за живот на скопските клиники, откако се преврте трактротот со кој се враќаа од излет. 
Претходно уште едно лице загина откако се преврте неговиот џип. 

најчитано сега