ВИДЕО: Кире Лазаров го прошета теренот на Камп Ноу

Нашиот најдобар ракометар Кире Лазаров се најде на теренот на Камп Ноу на мечот со Севиља заедно со неговиот син. Традиционално ракометарите на Барса е гостин на фудбалскиот тим на Каталонците. Стадионот беше преплавен со аплаузи кои беа наменети за Лазаров, Рутенка, Карабатиќ и останатите кои го освија IHF Суперглоб турнирот во Доха и ASOBAL Суперкупот во Ваљадолид. 

Најверојатно ова нема да биде последен пат како ракометарите ги претставуваат своите одличја оваа сезона. Барса е во потрага по уште пет трофеи во ракометните натпреварувања.

15.09.2013 - 12:13