Словенците се пласираа во четвртфиналето од ЕП

 

Кошаркарската репрезентација на Словенија си обезбеди пласман помеѓу осумте најдобри на Европското првенство кое се одржува во нивната земја.
 
Словенските кошаркари вчера вечерта, во последниот натпревар од 2.коло група Ф, ја совладаа Грција со 75:63. Во текот на овој дуел домаќинот водеше и со 28 поени, но му дозволи на противникот да ја ублажи разликата.
 
Постигнати резултати на останатите два натпревара oд овој круг: Хрватска – Италија 76:68 и Шпанија – Финска 82:56.
 
Освен Словенија, пласман во следната фаза има обезбедено и Италија и Хрватска. За последното слободно четвртфинално место конкурираат Шпанија и Грција.
 
Табела Ф група: Словенија 7 бодови, Хрватска 7, Шпанија 6, Италија 6, Грција 5, Финска 5.
 
За денеска се закажани средбите од 3.коло во Е групата. Двојките се: Летонија – Белгија, Украина – Литванија и Србија – Франција.
 
Табела Е група: Литванија 7 бодови, Франција 7, Србија 7, Украина 6, Летонија 5 и Белгија 4. 

15.09.2013 - 11:29

најчитано сега