Захариева: „Северна Македонија“ е далеку подобро од „Илинденска Македонија“

„Северна Македониоја“ е далеку подобро од „Илинденска Македонија“ за нас, коментираше бугарската министерка за надворешни работи екатерина Захариева за Би-Ти-Ви по постигнатиот договор помеѓу македонската и грчата влада за уставни промени на името.

- Така се потцртува географското значење на Македонија како област, а не историското. Не води ниту до територијални, ниту до историски, ниту до јазични претензии. „Илинденска Македонија“ со сигурност не беше добро за Бугарија - вели Захариева.

Таа додаде дека сега Македонија и Бугарија, според договорот за добрососедство, може послободно да се посветат на менувањето на учебниците по историја и на менување на перцепцијата на историските датуми и личности и нивно заедничко одбележување.

 

 

 

13.06.2018 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега