Соработка со Британија за транспарентност и отчетност во работата на Владата

Министерот за транспарентност и отчетност Роберт Поповски и британскиот амбасадор Чарлс Гарет денеска потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете влади за поддршка во креирањето и реализацијата на Стратегијата за комуникации на Владата на Република Македонија.

Ова, според министерот Поповски, е значаен прилог во градењето на високи стандарди и примена на најдобрите принципи и искуства во комуникациите, транспарентноста и отчетност на работата на Владата. 

Меморандумот ја официјализира соработката меѓу македонската и британската Влада која почна уште со формирањето на актуелната македонска Влада и утврдува дека ќе трае и во наредните две години.

- Овој  Меморандум за соработка на сервисот за комуникации на Владата на Обединетото кралство и Северна Ирска и на Секторот за односи со јавност на Владата на Република Македонија, е чекор повеќе кон подобра, поодговорна и суштествена комуникација на Владата и на нејзините активности во полза на граѓаните на нашата земја, рече Поповски. 

Во интерес на граѓаните е, додаде тој, тие да имаат поголем и попрецизен увид како Владата располага со парите и ги заштитува интересите на граѓаните, како ги креира политиките и приоритетите и како ги остварува ветените цели. 

Поповски потсети дека програмата за работа на Владата 2017-2020 како и во Планот 3-6-9 вклучува пакет активности кои се насочени кон транспарентност, отчетност и одговорност и ја подразуваат заложбата за целосно имплементирање на концептот отворена Влада. 

Британскиот амабасдорт Гарет по потпишувањето на Меморандумот ја потенцираше важноста од добра комуникација на владите со граѓаните и организациите со цел да ги објасни нејзините политики и активности и да се пренесат информациите на тие што им се потребни. 

- Исто така, владите треба да ги исполнат своите одговорности во однос на транспарентноста. Владата постои да им служи на своите граѓани. Парите што ги троши доаѓаат директно од џебот на граѓаните и затоа Владата има обврска да биде јасна и отворена со граѓаните за тоа што работи, зошто го работи тоа и на кој начин ги троши парите на граѓаните, рече Гарет. 

За таа цел, според него, потребна е ефективна и ефикасна комуникација. 

 

 

 

13.06.2018 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега