Мицковски: Не прифаќаме промена на Устав, Заев веднаш да ни го достави договорот

Лидерот на опозицијата Христијан Мицковски излезе на прес-конференција и истакна дека Заев поразот го прикажал како победа.

- Колку и да се смее Заев се гледа дека ова е пораз. Се водеше се во тајност и со егзибиционизам, вели Мицковски.

Тој разговарал со Заев по договорот.

- Договорот е прифаќање на сите грчки позиции. Тоа е договор на Заев за капитулација. Покажа нестабилност и недостоинственост, како и променливост на своите ставови, недостоинствено за премиер. Беше против промена на Устав, па прифати одредница, а потоа излажа, вели Мицковски на прес-конференцијата.

ВМРО-ДПМНЕ бара договорот веднаш да им биде доставен. Мицковски информира дека ги откажал сите состаноци и е во Македонија.

- Ставовите се познати и непроменети, не отстапуваме од принципите и не прифаќаме промена на устав со цел промена на уставно име, вели Мицковски и додава дека референдум мора да има.

 

 

 

 

 

12.06.2018 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега