Обновен процесот против Мубарак за убиствата на демонстрантите во 2011
Денеска беше обновен процесот против поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак. На Мубарак му се заканува смртна пресуда за соучество во убиствата на околу 900 демонстранти за време на бунтот во 2011 година во Египет
На државната телевизија беа емитувани снимки од судењето на кои може да се види Мубарак во инвалидска количка зад решетките. Овае второ појавување во судот на 85-годишниот Мубарак, откако на 22 август беше ослободен од затвор и префрлен во воена болница, каде ќе остане до крајот на друг процес против него по обвинение за корупција.
Хосни Мубарак се товари за четири дела. Во јуни минатата година екс претседателот беше осуден на доживотен затвор, бидејќи не ги спречил убиствата на демонстрантите, но пресудата беше укината на апелативниот процес и касацискиот суд нареди нов процес.