Реконструкцијата почнува - центрите за социјална работа ќе добијат нов лик

 

Во ноември годинава ќе почне реконструкцијата на Центрите за социјална работа во Струмица, Ресен, Пробиштип и Свети Николе. Постапката за избор на изведувач веќе е започната, а комплетната реконструкција треба да заврши до крајот на оваа година. Предвиденот е Центрите за социјална работа да добијат нови прозорци, врати, електрична инсталација, систем на греење и ладење и санитарии.

- Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за работа на стручните работници, но ќе се подобрат и условите за граѓаните кои ги остваруваат правата и услугите во центрите за социјална работа, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при денешната посета на струмичкиот Центар за социјална работа.

Спасов најави дека планирана е реконструкција и на други седум центри за социјална работа, која треба да стартува до крајот на 2013 година. Дополнително, изјави министерот, преку ИПА програмата е предвидена реконструкција на 18 центри за социјална работа во 2014 година. Предвидено е да се набави нов мебел, опрема за видео надзор, уредување на внатрешниот и надворешниот ентериер.

14.09.2013 - 14:42
Фото: 
миа

најчитано сега