Анѓушев: Невработеноста се намалува

Процентот на невработеност паѓа, рече денеска вицепремирот Кочо Анѓушев, но не кажа колкаво е намалувањето.

- Не сакам да импровизирам со бројка, но она што го имам како сознание е дека бројката на невработени е намалена, истакна Анѓушев на прес-конференцијата во Владата на која ги соопшти економските показатели за првиот квартал во 2018 година.

Според него, растот на економските показатели евидентирани од 1 јануари до 30 април годинава, меѓу другото произлегува и од вработувањето.

- Овие бројки кои произлегоа како економска активност од друга страна мора да произлезат и преку вработувањето зашто економската активност не се создава без дополнителни вработувања. Бројката е позитивна, процентот на невработеност паѓа, но не би сакал да импровизирам, да кажам точна бројка, подвлече вицепремиерот. 

 

 

 

06.06.2018 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега