Шабан Шаулиќ: „Напишав песна, планиравме да снимиме дует, а сега го нема“

„Боже … Ова е уште еден страшен ден за мене. Дали е можно?“ – изјавила легендарната балкански фолк ѕвезда.
 
„Ми беше исклучително драг… Ние сме дури и роднини. Шокиран сум … Извонреден уметник, извонреден пејач кој им се допаѓаше и на луѓето и колегите … Не знам некого кој не го сакаше“ – раскажува потресен од веста за смртта за Синан Сакиќ, фолк легендата Шабан Шаулиќ!
 
„Напишав песна што требаше да биде за него и за мене … Се работи за браќа, песна за двајца браќа. “Ако е потребно, брат, јас секогаш ќе ти помогнам …” Планиравме да го снимиме тој дует, но ете… за жал, тој замина“ – вели Шаулиќ и продолжува.                                                                                                      
„Бевме заедно, не држете ме за збор, пред месец, месец и половина во Шведска. Имавме заеднички концерт и тој изгледаше дека функционира нормално. Зборувавме, му реков за дуетската песна, а тој навистина беше воодушевен, беше многу зсреќен. И одеднаш, слушнав дека е одново во болница иако изгледаше дека е опоравен и сè е во ред“ – раскажува Шабан од кој јавноста дознава дека тој и Синан требало да снимаат дуетска песна. Сепак, тој сон ќе остане засекогаш неостварен!
 

 

 

05.06.2018 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега