Тереза 25 години не ја отстранувала маскарата: Докторите погледнале под окото и се запрепастиле

Тереза Линч е 50-годишна жена од Сиднеј која половина од својот животен век не ја отстранувала маскарата од очите. Сега за тоа плаќа тешки последици.

Со оглед на тоа дека не била свесна колку е важно да се отстранат хемикалиите кои се задржуваат на трепките, таа продолжила со својата рутина сè додека еден ден не ѝ се појавила иритација на очите, капаците ѝ биле отечени и имала болки. 

Тереза прво се обидела да го реши овој проблем така што нанесувала капки за очи и лубрикант гел, но ништо од тоа не давало резултати. Кога посетила доктор таа била шокирана кога дознала дека ѝ е дијагностициран тежок вид на палпебрален конјунктивитис или алергичен кој ја зафаќа линијата под површината на капакот.

Тоа е предизвикано поради тоа што 25 години не ја отстранувала шминката од лицето, а докторката Дана Робеј открила дека во нејзината кариера не запознала некој со ваков случај, до степен да го изгуби видот. Докторката препорачува шминката секогаш да се отстранува пред спиење и тоа со природни препарати.

 

 

 

05.06.2018 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега