Време: Искористете го прекрасниот ден за прошетка

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 20 до 27.

Во Скопје слично време, со утринска температура до 12 и со дневна до 26 степени.

Во недела ќе има благ пораст на дневната температура која се очекува да се движи од 22 до 29 степени. 

14.09.2013 - 10:00