Ова е животот на Ангела Меркел: Живее во изнајмен стан, а оваа чорба најдобро ја готви

Германската канцеларка Ангела Меркел, која својот приватен живот успешно го држи под контрола, буди секогаш интерес кај јавноста, не само за она што го работи и какви политички одлуки донесува, туку и за каква е зад очите на јавноста, како живее, каде купува, каде патува, каде го запознала првиот маж, кој е нејзиниот втор маж, каков стан има, што сака, а што мрази.

Дури ни министерот за финансии Волфанг Шоблје не знае ништо за нејзиниот стан, пишува актуелниот број на германсиот весник Поглед (View) и наведува дека на вратите на 4. спрат на берлинскиот „Остров на музеите“ стои само натписот Професор Зауер, и дека од тоа ништо повеќе не се знае за изнајмениот стан во кој живее Ангела Меркел и нејзиниот сопруг.

Весникот истакнува дека прилика да го посети нејзиниот стан имала, на пример, оперската дива Ана Нетребеко, бидејќи Меркелови многу сакале опера.

Иако после 12 години од нејзиното „канцеларување“ се верува дека за неа се знае многу, всушност станува јасно дека и многу нешта не се познати на јавноста – како на пример, Ангела е кратковидна и многу ретко носи наочари, но затоа речиси секогаш носи очни леќи.
Нејзиниот мобилен телефон е нејзината канцеларија

За неа се вели дека не така ретко телефонира, но страствено пишува СМС пораки, кои меѓувремено може и “на слепо“ да ги пишува.

За првиот маж на Меркел се знае дека е студентот на Физика Улриха, кој го запознала во 1974. година на патување во Русија.

Кога станува збор за местата на кои излегува, наводно се добро чувствува во еден берлински ресторан, каде што домаќинот е Грк, кувар Италијанец, а амбиентот е во париски стил.

Германците не ја гледаат Меркел само како политичар и физичар, туку и како сопруга, помалку баба и домаќинка, која од продавницата сама знае да ги влече ќесите, чиј се сопруг, да кажеме, ретко жали на нејзините кулинарски вештини – на чорба од компири или ролни.

Мојот маж ретко се жали… единствено на колачите за кои што секогаш му недостасува малку прелив.. вели Меркел за својот сопруг.

Ако им се верува на анкетите и судејќи по медиумсите извештаи и коментари од Германија, Ангела Меркел ќе биде повторно победник и на овие избори, на кои повеќе од 60 милиони Германци ќе имаат право на глас за тоа кој во наредниот мандат ќе владее со најмоќната земја во ЕУ.

Пред се она што и нејзината биографија го зборува е дека Меркел е интелигентна, вредна и неподмитлива.

 

 

 

04.06.2018 - 20:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега