Помагаат на целиот организам: Не постои здравствена тегоба која не може да ја реши ова овошје

Урмите содржат лековити својства кои можат да олеснат бројни здравствени проблеми, како на пример, мозочен удар, срцев удар, висок холестерол и хипертензија.

Медицински предности:

– Урмите се богати со железо: 100 гр урми содржат 0,9 мг железо.

– Го регулираат нивото на холестерол: Лошиот холестерол може да биде регулиран со помош на урми кои ги чистат лошите маснотии.

– Го зајакнуваат срцето.

Се препорачува да јадете по неколку урми наутро и пред спиење.

Здравствените бенефити на ова овошје се многу широки, а ова се осумте најважни:

1. Богати се со железо – Урмите се одличен извор на железо, и баш поради тоа им се препорачуваат на деца и луѓе кои патат од анемија.

2. Спречуваат дијареа – Урмите се богати со калиум, кој ја олеснува работата на цревата и го стимулира развојот на добрите бактерии.

3. Лечат затвор – Освен што спречуваат дијареа, урмите го решаваат и проблемот со затвор.

4. Ја чуваат витката линија – Ако сакате да спречите натрупување масни наслаги, потрудете се секој ден да изедете по неколку урми на празен стомак. Но, внимавајте да не претерате со урми – преполни се со шеќер.

5. Го регулираат холестеролот – Урмите докажано го стабилизираат нивото на лошиот холестерол, така што ги чистат крвните садови.

6. Го зајакнуваат срцето – Редовното консумирање урми ја спречуваат појавата на атеросклероза, главен причинител за срцев удар.

7. Го регулираат крвниот притисок – Ако патите од хипертензија, слободно јадете урми, бидејќи содржат натриум, а богати се и со калиум. Исто така, 6 урми содржат речиси 80 мг магнезиум, кој е многу здрав за крвотокот.

8. Спречуваат мозочен удар – Благодарение на калиумот кој го содржат, урмите можат да спречат мозочен удар, доколку ги консумирате редовно.

 

 

 

04.06.2018 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега