Честитка од Вељановски по повод Јом Кипур
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски,упати честитка за празникот Јом Кипур.
- Во пресрет на големиот еврејски празник Јом Кипур, имам особена чест и задоволство од мое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, Вам и на сите припадници на Еврејската заедница, да Ви упатам најискрени желби за мир, љубов и среќа.
Силно сум убеден дека заеднички можеме да го одиме патот кон просперитетот и развојот на нашата држава. Преспективна иднина за нас и нашите деца можеме да имаме само ако меѓусебно се почитуваме, безусловно се подржуваме и заеднички да ги делиме вредностите на разбирањето, мирот и толеранцијата, се вели во честитката од Вељаноски до припадниците на Еврејската заедница во Македонија.