Починатиот пејач некогаш работел како келнер: Се започнало кога Синан случајно отпеал само една песна

Синан Сакиќ почина денес на 62- годишна возраст во станот во Белград. Кариерата ја започна во 1978 година а последниот албум го објави во 2017 и тоа му беше 29 албум во кариерата.

Она што многумина не го знаат е дека тој пејачката кариера не ја започнал веднаш. Синан со години седел зад тапаните и свирел. Таа љубов ја негувалсе до 1984 година, иако во тој период веќе на голему ја имал започнато својата пејачка кариера.

При крајот на седудесетите работел како келнер во кафана, а заработката не му била голема. Пријателите му велеле да се сврти кон пеењето, зоштпо верувале дека може да направи многу. На самиот почеток тој ја отфрлил таа идеја и велел дека не знае да пее.

Можеби би останало така ако ако еднаш сосема случајно не отпеал една песна на човек кој му понудил 500 динара, само за да го чуе како пее, раскажал Синан во една прилика за новинарите.

Во тоа време тоа биле две месечни плати кои можел да ги заработи како келнер. Човекот се воодушевил од неговиот глас и му ги дал парите. Од тој ден Синан се одлучил да почне да пее. Секој ден учел по пет песни дневно, а имал и среќа да започне соработка со неколку добри автори.

Првата песна ја снимил во 1978 година.

 

 

 

 

01.06.2018 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега