Ова не сакате да го доживеете: Научниците откриле како би изгледало доколку ќе ве изеде голема бела ајкула

Фасцинантната снимка прикажува како би изгледало кога би се нашле во устата на големата бела ајкула.

Истражувачите добиле многу повеќе материјал од тоа што очекувале, кога голема бела ајкула проголтала една од подводните дрон-камери за истражување на морскиот свет во Пацификот. 

Камерата наречена Тридент продолжува да снима во устата на предаторот, а снимката ја прикажува работата на мускулите на вилицата, додека ајкулата се обидува да го изџвака уредот.

Животното на крајот ја плука камерата и заминува од местото, пишува "Daily Mail".

Камерата уште работи, а видео материјалот го снимил Доминик Фрец, софтверски инженер и истражувач на "National Geographic", кој моментално се занимава со проучување на ајкули во околината на островот Гвадалупе во Мексико.

Иако е снимката објавена пред неколку месеци, неодамна привлекла внимание и станала вирална.

 

 

 

01.06.2018 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега