Лекарот и рекол дека нејзините симптоми не се сериозни, па на Фејсбук открила дека има тешка болест

Мари Амору од Австралија со помош на Фејсбук успеала да открие дека има тешка болест.

На неа и е дијагностициран синдром на полицистички јајници кога имала само 20 години, поради што зема контрацептивни пилули.

Поради компликации со цистата почнала да користи стероиди, после што почнала да чувствува силна болка, а имала и краток здив. Лекарот ги отфрлил нејзините грижи, а краткиот здив го препишал на стероидите.

Мари вели дека никој не ја предупредил дека пилулите би можеле да предизвикаат згрутчувања на крвта, а неа и се случило баш тоа.

Ја спасил текст на Фејсбук за млада Австралијана која имала тромбоза на длабоки вени.

-Пред да го дочитам текстот, бев во солзи, симптомите беа многу слични на моите, вели таа.

Девојката на левата нога чувствувала таква болка поради која не можела да застане на неа. Лекарот не и ја ни погледнал ногата. Меѓутоа, откако го прочитала текстот отишла по второ мислење.

Ултразвукот покажал загрижувачки резултати, и кажале дека ногата и е полна со згрутчена крв. Но тоа било само почеток. Лекарите извршиле ЦТ скен како би потврдиле дека згрутчените делови од крвта не завршиле во другите делови од телата. Откритието било шокантно за неа.

-Лекарите ми рекоа дека имам масовна емболија на белите дробови и дека умирам, раскажува Мари, додавајќи дека имала среќа што згрутчените делови од крвта не биле во срцето или мозокот.

Лекарите и кажале дека причината за нејзините здравствени проблеми најверојатно е комбинација на контрацептивните пилули и стероидите.

Мари во болница поминала седум дена, после што со месеци морала два пати дневно да прима инјекции за разредување на крвта. И кажале дека разредување ќе мора да биде барем една година, што и предизвикува проблеми со исхраната и движењето, а баналните работи како што се миењето забите може да предизвика трајно крварење.

 

 

 

01.06.2018 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега