Хари и Меган се држат за рака во јавност - ова е причината зашто Кејт и Вилијам не го прават тоа

Еден од најпознатите парови во светот – Кејт и Вилијам, не се држат за раце, а тоа предизвикува многу прашања кај нивните фанови.
Според експертите, тоа нивно однесување не е поврзано со проблеми во нивните односи- јасно е дека тие многу се сакаат. Робин Кермод, специјалист за јазик на телото тврди дека двајцата едноставно ја почитуваат етикетата, а исто така земаат пример од кралицата Елизабета.
„Кралицата и нејзиниот маж многу ретко се држат за рака на јавно место и тоа влијае на другите членови на семејството. Апсолутно јасно е дека Вилијам и Кејт се емотивно блиски, но тие не доживуваат потреба да ја докажуваат својата љубов на официјални настани. Тие се силен и независен пар и не е потребно тоа да биде видено од целиот свет “, објаснува експертот.
Тој исто така додава дека „Кејт е созреана жена и нема потреба некој да ја држи за раката“.

На почеток може да се добие впечаток дека имаат проблеми во бракот.

Бидејќи тие се дел од кралското семејство, секој нивни чекор се набљудува и затоа мораат да ги контролираат своите постапки. Не е баш добро да се биде интимен во јавноста ако си член на кралското семејство. Тоа не значи дека тие не се забавуваат.

Хари кој мора да чека за седнување на кралскиот трон на ред после неговите внуци, како што велат експертите не мора да се грижи до толку за имиџот во јавноста, па затоа тој и Мгена често може да се забележат фатени за рака.

 

 

 

01.06.2018 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега