Почнува туристичка сезона: Возачи, пред заминување на пат задолжително проверете го ова

Почетокот на јуни наговестува почеток на летната туристичка сезона и период кога многу повеќе се патува, што може да донесе поголем број возила и зголемен интензитет во сообраќајот на автопатите и патиштата кои водат кон Грција, Бугарија и Црна Гора.

Влегуваме во период кога температурите често преминуваат над 30 степени Целзиусови, па затоа се препорачува возачите пред пат да ја исконтролираат исправноста на свото возило, со честа контрола на нивото на маслото, течноста за разладување и кочниците, како и состојбата на резервните гуми.

Според информациите на АМСМ интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 

 

 

01.06.2018 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега