Дачиќ: Постои план Србите да се обвинат за силување на 20.000 Албанки

На Косово се води акција со цел Србите да се обвинат за наводно силување на 20.000 Албанки во 1998 и 1999 година, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за „Српски телеграф“.

– На Косово се води акција која ја смисли една лоби група, односно маркетиншка агенција. Тие сакаат да го искористат фактот дека во светот интензивно се води борба против насилство над жените, против силување, а особено силување и насилство за време на воени конфликти. За таа цел сега на Косово постојат наводни списоци и петиции дека 20.000 жени пријавиле оти биле силувани во 1999 година на Косово, вели Дачиќ.

За се да делува поуверливо, лобистите таргетирале тројца познати припадници на тогашните воени единици, Милорад Улемек Легија, Небојша Павковиќ и Горан Радосављевиќ Гури, наведува весникот.

 

 

 

31.05.2018 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега