Девет тешки несреќи во Скопје - пијани возачи летале по булеварите

Пет лица се здобиле со тешки телесни повреди, а двајца  се полесно повредени во девет сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција санкционирала 59 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а исклучила од сообраќај тројца возачи под дејство на алкохол, 17 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, тројца почетници и пет други.

МВР информира дека од сообраќај се исклучени 17 нерегистрирани возила, две технички неисправи возила, 16 со истечена важност на сообраќајната дозвола, 181 непрописно паркирани и 56 возила подигнати со пајак.

 

 

 

31.05.2018 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега