Не тргајте на пат без проверка на пасошот: Одморот може да ви стане ноќна мора

Започна летната сезона, а многу е важно да направите проверка на вашите документи, пред да се упатите на море во Грција, Црна Гора, Хрватска или Бугарија, па и на другите дестинации.

Треба да обрнете особено внимание на неколку работи, а пред сѐ на патната исправа која треба да има важност уште најмалку 3 месеци по завршувањето на патувањето. Некои туристички агенции бараат овој документ да важи 6 месеци по завршување на ангажманот.

Треба да се земе и в предвид здравственото осигурување кое не е задолжително, но ако нешто ви се случи на одмор сите трошоци ќе ги сносите сами. Препорака е да се земе целосно здравственот осигурување. Доколку нешто се случи, патникот ги плаќа трошоците, а по враќањето во Македонија, положува сметка на основа на која ги платил трошоците.

Инаку, поради штрајк на грчките цариници, вчера беа затворени 3 гранични премини помеѓу Грција и Македонија, па потребно е да се информирате и за ова.

 

 

 

31.05.2018 - 08:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега