Десетта меѓународна конференција за човечки ресурси

 Во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси денеска ќе се одржи десетата Меѓународна конференција за човечки ресурси.

На јубилејната конференција свое излагање ќе имаат професори, тренери и менаџери од земјата и регионот, кои ќе ги пренесат своите искуства и знаења од областа на управувањето со човечките ресурси.

На 10. конференција за човечки ресурси како предавач ќе учествува Никос Ламбридис, професор и директор на Одделот за кариера и професионален развој на студентите од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ.

Своето 25 годишно искуство стекнато како менаџер во повеќе мултинационални компании од Европа и САД ќе го пренесе преку темата „Почитување и негување на човечката природа во бизнисот“.

Годинешната тема на која ќе се зборува е „Од менаџмент со човечки ресурси - до почит кон луѓето“.

Во фокус на ќе бидат основните потреби, но и највисоките цели на цивилизираниот свет, а тоа е почитта кон луѓето, поддршка на нивниот развој и признание на нивната непроценлива важност во организацијата.

Како и претходните години, така и оваа, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ ја подржува Конференцијата за човечки ресурси на која што покрај Ламбридис, предавања ќе имаат уште шест други експерти од областа на човечките ресурси, а исто така пријавени се учесници професионалци од областа, и од околните држави. 

 

 

 

31.05.2018 - 08:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега