Соопштението на Иванов грчката опозиција го квалификува како нов пресврт во преговорите

После официјалното соопштение од кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов во кое се вели дека тој нема да прифати име за севкупна употреба, предизвика сомнеж кај грчката опозиција за наводното прифаќање на условот ерга омнес, која веднаш побара од премиерот Ципрас да им каже точно што всушност е договорено, пренесува МКД.мк.

Весникот Прототема бара директни одговори од Ципрас на следниве прашања:

Дали Ципрас го прифатил признавањето на македонскиот јазик и македонскиот идентитет на нашите соседи?

Дали Ципрас се повлекол од ерга омнес, па така кое било име на Македонија може да важи за севкупна употреба за секого?

Дали Ципрас се согласил Скопје да стане членка на НАТО пред бришење на сите неприфатливи членови од Уставот на пјРМ?

И ако сето ова е навистина договорено од страна на Ципрас, тoj ja обврза Грција без поддршка дури и од неговата влада, пишува весникот и го повикува Ципрас веднаш да ги информира грчките граѓани и да престане да се крие.

Соопштението на Иванов грчките медиуми го квалификуваат како нов пресврт во преговорите за името.

 

 

 

30.05.2018 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега