Победила на Евровизија за Југославија и доживеала пекол- завршила во болница, па се повлекла од јавноста

Поранешната пејачка Емилија Кокиќ која во 1989 година поведи на Евровизија со песната „Rock me“  на Југославија и ја донесе првата и единствена победа .

Таа денес живее сосема мирен живот, за разлика од минатото во кое се соочуваше со големи проблеми.

-Никој вас не ве учи што значи да бидете јавна личност, има толку многу што човек може да научи, вели Емилија во интервју за РТЛ.

Кокиќ која победи на Евровизијата одржана во Лозано, вели дека се одлучила да се повлече од јавноста и од естрадата бидејќи не сакала да биде постојано во центарот на вниманието и во скандалите.

-Многу е тешко да бидеш славен, еднаш ми се случи да завршам на интензивна со 48 килограми на мене и инфузија поради тоа што немав време да јадам. Едноставно шоу бизнисот ве гази и мора да го следите неговото темпо, потенцираа таа.

Додава дека не било можно да не помине без непристојни понуди, а на прашањето зошто се повлекла од јавноста вели поради тоа што и било понудено скандал.

-Ми беше понудено еден скандал, но мене тоа ми изгледаше страшно и едноставно не можев да се пронајдам во тоа. Требаше да се појавам во медиумите како да сум нечија љубовница, а тоа не го сакав, открива Емилија.

 

 

 

29.05.2018 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега