Лила Филиповска прозборе за најголемата болка: "Времето минува, болката не се намалува, само се навикнуваш"

Македонската водителка Лила Филиповска која секојдневно ја гледаме на квизот кој е хит на Сител, „Се или нешто", за Женски магазин прозборе за еден од најтешките моменти во животот.

Таа прозборе за смртта на татко и Милан кој бил горд на нејзиното факултетско образование и поради тоа што го остварила својот сон, а бил и пријател со неа.

„Функциониравме како најдобри другари, а најмногу се радувавме на заедничките прошетки. Беше остар и директен, но секогаш реален во излагањата”, рекла Лила за татко и кој починал од рак пред три години.

„Времето поминува, но болката не се намалува. Сè е исто, само се навикнуваш. Татко ми секогаш ни нагласуваше дека здравјето е најважно”, изјавила Лила за женски магазин.

 

 

 

 

29.05.2018 - 08:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега