Важна вест за сите кои се возат со автобус на ЈСП

Возниот ред на автобусите од јавниот превоз денеска и утре ќе биде изменет поради празниците 24 Мај-Денот на „Св. Кирил и Методиј“ и 25 Мај-Духовден, соопшти денеска ЈСП Скопје.

Во четврток  автобусите ќе сообраќат по неделен возен ред, а петок ќе важи саботниот возен ред.

- Во петок, сабота и недела, ЈСП Скопје ќе го зголеми бројот на поаѓања кон гробишта Бутел од Карпош, Ново Лисиче, Кисела Вода и во зависност од потребите на граѓаните ќе бидат ангажирани дополнителен број автобуси во периодот од 5 до 14 часот, информира ЈСП - Скопје.

 

 

 

24.05.2018 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега